Телефон, мини лаптоп или планер… Microsoft работи на нов уред, но од малкуте и оскудни податоци за уредот е нејасно за што точно ќе станува збор. Името на проектот под кој Miscrosoft работи на овој уред е Andromeda.
За уредот кој наводно Microsoft го спрема, а треба да биде на превиткување, читаме веќе одамна. Од неофицијални информации, до патент апликации , можевме да видиме дека во компанијата нешто такво сепак постои, но никако да излезе нешто официјално.