На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска ја обвини Левица дека не ги поддржала работниците во Собранието, откако пратениците на партијата не гласале за предлогот на социјалдемократите за минимална плата од 600 евра.
Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против зголемувањето на минималната плата од 600 евра, и посочува дека суштината на предлогот е целосно поинаква од она што СДС се обидува да го прикаже во ...
Кога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата. Заедно со пратениците на ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН кои не гласаа за, а во салата не беа ниту пратениците на ДУИ.
Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра. Не влегоа ниту во собраниската сала. Токму на Светскиот ден на пристојна работа. Лажна лева партија која работи под десна наредба, спутник на арамијата. Партија на далечинско која одработува само за потребите на Мицкоски.