Во врска со протестите реагираше и Автокефалната православна црква на Албанија. Реакцијата се однесува на апсење што вчерва се случило во кругот на соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана Антивладините протести во Албанија влегоа во својот седми ден.
Учесниците на протестот во Тирана денеска упаднаа во Апелациониот суд и ја оштетија инфраструктурата, по што интервенираше полицијата, која употреби солзавец, ги изведе поединците од зградата и ги уапси. На снимките може да се види дека огласната табла во дворот на судот е ...
На шестиот ден од насилните протести во Тирана, повредени се 16 полицајци. На мета на нападите се најдоа и седиштето на владејачката Социјалистичка партија, како и зградата на Министерството за внатрешни работи, пренесува „Албанијан пост“ (Albanian Post).
Во петдневните протести во Тирана повредени се вкупно 272 луѓе, меѓу кои полицајци, демонстранти и случајни минувачи, јавуваат локалните медиуми. Според податоците на Министерството за здравство, само за време на вчерашниот протест повредени се 65 луѓе.