Брисел ја отвори касата за Балканот, но парите веќе не се за сите. Европската Унија сè појасно ја менува логиката на проширувањето: земјите што испорачуваат реформи добиваат повеќе пари и побрз пат кон членство, а тие што доцнат ризикуваат да останат без дел од европската ...
Македонија е меѓу трите земји од Западен Балкан кои најуспешно ги спроведуваат реформите за членство во Европската Унија и поради тоа може да добие дополнителни средства од европскиот План за раст. Ова го објави Euronews , повикувајќи се на двајца претставници на Унијата.
Средствата што не ги користат Босна и Херцеговина, Србија и Косово, затоа што не ги исполнуваат обврските од т.н. Реформска агенда, се очекува да бидат пренасочени кон земјите со најголем напредок во реформите. „Тоа се Црна Гора и Албанија, т.н.
Европската комисија е подготвена да ги прераспредели средствата преку алатката дизајнирана да ги стимулира земјите од Западен Балкан да ги спроведат реформите потребни за пристапување во ЕУ во корист на „водечи“ земји, изјавија двајца официјални лица на ЕУ за Euronews .