Унгарската полиција уапси 24-годишен маж кој во неделата во зори украде мал авион од приватен аеродром во градот Калоча, прелета преку забранетата зона околу нуклеарната централа Пакс и принудно слета во нива со сончогледи.
Несекојдневен инцидент во Унгарија заврши со полициско апсење откако 24-годишен маж наводно украл мал авион, навлегол во забранетиот воздушен простор околу нуклеарната централа Пакс и предизвикал итно полетување на два воени ловци.