Денеска се комплетираше 7. коло во првата лига, а викендов второлигашите го одиграа петтото. Во првата лига на петте стадиони паднаа вкупно 19 голови, што е за еден гол помалку од сезонава најефикасното коло, она воведното.
Дуелот меѓу градските ривали Вардар и Скопје им припадна на гостинските фудбалерки, а натпреварот беше решен во 88-та минута кога Бесарта Фида успеа да ја совлада противничката голманка. Со овие три бода, Скопје го задржа чекорот со водечкиот Љуботен кој по пет одиграни кола има ...