Бугарската национална телевизија објави дека против припадникот на Националната служба за обезбедување, Мартин Варадинов, е поднесено обвинение за инцидентот. Тој се товари за нанесување умерени телесни повреди, а доколку се докаже дека е виновен за случајот со новинарката, му ...
Началникот на Националната служба за заштита (НСО), генерал Емил Тонев, поднесе оставка, соопшти потпретседателката Илијана Јотова во интервју. Причината е инцидентот со новинарката Соња Колтуклиева, кој се случи вчеравечер пред седиштето на „Прогресивна Бугарија“.
Новинарка завршила во болница по инцидент со припадник на обезбедувањето на претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, во Софија. Случајот предизвика остри реакции во Бугарија, а надлежните институции најавија проверка на постапувањето на службеникот.
Новинарката Соња Колтуклиева беше брутално турната од бодигард на Службата за национална безбедност додека се обидуваше да ѝ постави прашање на претседателката на Парламентот, Михаела Доцова. Новинарката остана неподвижна кога падна.