Гладот во светот би можел да се продлабочи поради војните во Иран и Украина и силниот Ел Нињо, кој носи суши и поплави во клучните земјоделски региони. Војните во Украина и на Блискиот Исток досега не предизвикаа колапс на глобалните резерви на храна.
Ескалацијата на војната во Украина, продолжениот топлотен бран во Европа и климатската аномалија во Тихиот Океан ја загрозуваат стабилноста на глобалниот пазар на храна, што потенцијално доведува до забрзана потрошувачка инфлација, открива агенцијата Блумберг.