Трилерот „Животни“, во режија на Бен Афлек трета недела по ред се наоѓа на прво место на глобалната листа на најгледани филмови на англиски јазик на платформата „Нетфликс“. Од премиерата на 9 октомври, филмот остварил вкупно 65,3 милиони прегледи.
Киднапирање на дете, политичка кариера што е доведена во прашање и семејни тајни се во центарот на филмот „Животни“, трилер со Бен Афлек и Кери Вашингтон. Приказната го следи Марк Кимбал, независен кандидат за градоначалник на Лос Анџелес, чиј живот се менува кога неговиот син е ...