Шпанските власти ја засилија безбедноста на границата со Сеута, откако на социјалните мрежи се појавија повици за нов масовен обид за влез на мигранти од Мароко во автономниот шпански град. Според порталот OkDiario , десетици профили, за кои се смета дека се поврзани со ...
Стотици мигранти поставија камп на плажа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка во понеделник, додека локалните власти се борат да се справат со илјадниците луѓе кои сè уште се заглавени на малата територија по масовниот бран гранични преминувања минатата недела.
Откако десетици илјади мигранти преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, повеќето од нив се вратија во својата земја, но голем број деца и млади останаа во Шпанија без родители и соодветна грижа, објави „Индипендент“ .
Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава Сеута по минатонеделниот масовен влез од Мароко, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка. Според него, во Сеута влегле околу 72.000 мигранти, а приближно 70.000 веќе се вратиле во Мароко.