Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека Пулс најавија дека ќе почнат со едночасовни блокади се додека не започне судскиот процес. Причината за ваквиот чекор, како што изјавија денеска, се изјавите на некои адвокати на обвинетите ...
Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето.
Ве известуваме дека во сабота, 11 октомври 2025 година, со почеток во 16:05 часот, ќе се одржи 26-тиот „Марш на ангелите“ – мирен марш посветен на нашите 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година.