ФИФА го реши прашањето за паузата на полувремето во финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра оваа недела на стадионот „МетЛајф“. Паузата ќе трае 17 минути, само две минути подолго од стандардната.
Во пресрет на големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, во јавноста се појавија информации дека паузата меѓу двете полувремиња ќе трае дури 25 минути поради спектакуларната музичка програма.
ФИФА ги информира фудбалските федерации дека музичките изведби на полувремето од финалето на Светското првенство ќе траат само 11 минути, а остатокот од времето (околу седум минути) ќе биде искористен за поставување и симнување на сцената и полевање на тревата.