Украински дронови во текот на ноќта ја погодиле индустриската постројка на нафтената рафинерија во Сизран, во руската Самарска област. На локацијата избувнале неколку пожари, соопшти Петро Андрјушченко, раководител на украинскиот Центар за проучување на окупацијата.
Киев негира дека постои каков било договор со Москва и порачува дека прво се потребни безбедносни гаранции од сојузниците. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина нема потпишано никаков договор со Русија за прекин на нападите врз енергетските објекти.
Макфакс - Слободен Печат - Кајгана - Вечер Прес - Скопје1 - Проверено
Повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Украина да не врши напади врз објекти во Русија поврзани со производството на дизел гориво може само да се поздрави, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прекине нападите врз руските постројки за производство на дизел гориво, предупредувајќи дека тие дополнително го нарушуваат снабдувањето на глобалниот пазар.
Макфакс - Либертас - 24Инфо - Проверено - ПРВ.мк - Вечер Прес