Политичката партија Левица ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека се откажала од ветувањата дадени додека беше во опозиција во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, и наместо негово репреговарање обезбедува нови ...
Проектот за изградба на автопатишта во земјава долж коридорите 8 и 10 ќе ги чинат граѓаните дополнителни 900 милиони евра, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите, најавувајќи и дека целиот проект ќе се одолжи.
Државата, која досега директно од буџетот ги исплаќаше обврските кон американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, сега ќе ги финансира со кредит од четири македонски банки.
Автопатите на „Бехтел и Енка“ повеќе нема да се плаќаат директно од буџетот како досега, туку преку нов синдициран кредит од 140 милиони евра кај четири домашни банки, со државна гаранција и рок на отплата од 12 години.
Како што рече Мицкоски, во тек е изградбата на три автопатски делници (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола), а кон крајот на месецот треба да стане појасно како ќе се одвиваат активностите на делницата Требениште-Ќафасан.