Понекогаш кога мајка ми ми дава совет околу детето, признавам дека ја губам контролата и ѝ укажувам дека чувала бебе пред 40 години и дека ништо повеќе не е исто. Секако дека работите се сменети, поминати се практично 4 децении од времето кога јас сум била бебе.
Замислете некој да ви дојде на гости ненајавен. Дали ќе се израдувате за неочекуваното друштво или ќе почнете да паничите бидејќи дома не ви е средено, немате што да послужите, планиравте да се релаксирате сами...