Лејкерси сега се официјално тимот на Лука Дончиќ. Откако Леброн Џејмс во текот на летото се пресели во редовите на Филаделфија, 27-годишниот Словенец ја презеде улогата на апсолутен лидер на франшизата од Лос Анџелес.
Екипата на Лос Анџелес лејкерс првпат по осум години ќе ја почне НБА-сезоната без Леброн Џејмс и целата одговорност сега паѓа врз Лука Дончиќ. Словенечката суперѕвезда станува главен лидер на славната франшиза, со една јасна цел: да ја освои шампионската титула.