Заменик Претседателот на Lenovo, Чанг Ченг претстави нов телефон кој што речиси целосно е екран. Ченг истакна дека екранот на новиот Lenovo Z5 ќе покрива 95 проценти од телефонот и во него ќе бидат вклучени 18 нови патентирани технологии.
Заменик претседателот на Lenovo, Чанг Ченг, на кинеската социјална мрежа Weibo објави неколку детали за новиот адут на компанијата чија предна страна ќе биде целосно составена од екран и ќе има текна рамка на страните.