Руско беспилотно летало во неделата удри во локомотивата на патнички воз, на два километри од полската граница, соопшти украинскиот државен железнички оператор „Укрзализница“ (Украински железници). Според извештаите, нападот се случил во украинскиот регион Волин.
Руски дрон ја погодил локомотивата на евакуиран патнички воз во близина на граничниот премин Јаходин–Дорохуск, на само два километра од границата меѓу Украина и Полска. Нападот се случил само неколку минути откако низ истото подрачје поминал друг воз во кој патувале европски ...
По руските напади врз возот од Киев за Варшава и врз украинскиот граничен регион со Полска, полската влада денеска ја обвини Москва за ескалација на конфликтот. „Путин ескалира“, напиша министерот за надворешни работи Радослав Сикорски на Х.