Ерата на Златко Далиќ на клупата на хрватската репрезентација и официјално заврши. По елиминацијата од Светското првенство 2026, искусниот стратег реши да стави крај на својата успешна мисија, која започна во 2017 година.
Речиси девет години Златко Далиќ беше на чело на репрезентацијата на Хрватска, период во кој Коцкестите ги достигнаа најголемите успеси. Во 2017 година Далиќ беше назначен за селектор, а само една година подоцна направи чудо од националниот тим.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, се повлече од функцијата, откако ја предводеше репрезентацијата низ најуспешниот период за хрватскиот фудбал. Ова уследи помалку од една недела откако Хрватска беше контроверзно елиминирана од Португалија во 1/16-финалето на Светското ...