Три од четирите македонски претставници сезонава во европските клупски купови се активни неделата. Машкиот првак Штип УГД в среда во СРЦ „Џексон“ во Штип (18 часот) го игра реванш натпреварот од ЦЕВ Лигата на шампионите против холандски Орион Старс.
По комплетирање на натпреварите од претколото од Првата лига мажи дефиниран е изгледот на А и Б групите во кои екипите ќе се натпреваруваат во регуларниот дел од сезоната. Во групата А се шампионот Штип УГД, ланскиот финалист ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22, Сушево и ...