Заврши изградбата на новата водоводна и новата канализациска мрежа на улицата „Фаик Коница“ (поранешна „Дижонска 15“) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, во вредност од 6,9 милиони денари.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити , информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Проектот е дел од тековните активности за целосна реконструкција и унапредување на комуналната инфраструктура во населбата Дижонска, со кои се опфаќаат водоводната, канализациската и атмосферската мрежа. Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата ...