TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Марио Младеновски стрелаше во триумфот на Вараждин над Хајдук (ВИДЕО)

МакФудбал - пред: 1 час

Марио Младеновски имаше блескав настап на стартот на новата сезона во Хрватска, откако македонскиот дефанзивец со гол придонесе за победата на Вараждин над Хајдук со 2-1. По првото полувреме без голови, вториот дел донесе вистинска драма.

Младеновски ја отвори сезоната со гол и победа за Вараждин (ВИДЕО)

SportSport - пред: 2 часа

Македонскиот интернационалец Марио Младеновски со гол и победа ја отвори новата сезона во Хрватска. Во дресот на Вараждин, поранешниот фудбалер на Шкупи, Македонија ЃП и Вардар, го отвори резултатот на денешното дерби со Хајдук со прекрасен гол за водство на Вараждин од 1:0.

ВИДЕО | Младеновски запиша гол во победата на Вараждин против Хајдук Сплит

Слободен Печат - пред: 2 часа

Денеска во рамките од првото коло во најсилното хрватско првенство, фудбалерите на Вараждин на домашен терен со 2:1 го совладаа Хајдук Сплит. После првото полувреме на Градскиот стадион во Вараждин мрежите мируваа, а сите три погодоци беа реализирани во текот на вториот дел.

Марио Младеновски му даде гол на Хајдук и донесе голем триумф за Вараждин (Видео)

Спортманија - пред: 50 мин

Македонскиот дефанзивец Марио Младеновски беше еден од најзаслужните за големата победа на Вараждин над Хајдук од 2-1 во првото коло од новата сезона во Хрватска. По мирното прво полувреме, вистинската драма се случуваше во вториот дел.