Вардар со победа од 2:0 против Арсими го затвори шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, а успешното деби на новиот тренер Миодраг „Гроф“ Божовиќ остана во сенка на протестот на навивачката група „Комити“.
Вардар го победи Арсими и обезбеди победничко деби за новиот тренер Миодраг Божовиќ, кој е донесен во клубот по неубедливите резултати од почетокот на сезоната. Актуелниот шампион беше домаќин на теренот на ФФМ, а доминацијата ја претвори во водство уште во 25.
Денеска се играат преостанатите два натпревари од шестото коло во Првата фудбалска лига, а во фокусот ќе биде натпреварот во кој Вардар ќе го пречека Арсими, а покрај овој дуел во Струга гостува и Силекс каде што исто така се очекува интересен дуел.