Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, говорејќи за владините инвестиции и критиките од опозицијата, ја обвини СДСМ дека шири, како што рече, невистини и се спротивставува на отворањето рудници.
„Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист. Нема дилема. Има лаги. Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти.
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кој им одговори на СДС за критиките кон Владата и актуелните инвестициони проекти, посочувајќи дека опозицијата се противи на сè што предлага и реализира власта.