„Една е сестра! Ама ти си ми и брат, и другарка, и психолог, и критичар, и поддржувач… сѐ во едно“, напиша емотивно Елена за сестра ѝ, уметницата Драгица Ристеска. Елена Ристеска со фотографии и емотивна посвета го одбележа роденденот на нејзината сестра Драгица.
Пејачката Елена Ристеска јавно ѝ го честиташе 45. роденден на својата сестра Драгица Ристеска, споделувајќи фотографии од нивното заедничко патување во Париз и емотивна порака посветена на една од најважните личности во нејзиниот живот.