Шест лица загинаа кога два хеликоптери се судрија во воздух и се урнаа во областа Рекреио дос Бандеирас, југозападно од Рио де Жанеиро. Според очевидци, двата хеликоптери се судриле во воздух под сè уште нејасни околности.
Шест лица загинаа во тешка воздушна несреќа откако два хеликоптери се судриле над Рио де Жанеиро во Бразил, соопштија локалните власти. Според првичните информации, леталата се судриле во воздух, по што паднале во западниот дел на градот.