Системот ја сака еднаквоста затоа што може лесно да ја претвори во правило. Иста постапка за сите, ист образец, ист рок, ист критериум, иста врата низ која секој треба да помине. На хартија тоа изгледа беспрекорно. Ако правилото важи за сите, тогаш сите се еднакви.
Казната има смисла само ако воспоставува ред таму каде што некое правило е прекршено. Во спротивно, таа лесно се претвора во одмазда, демонстрација на моќ или административен ритуал што не менува ништо. Затоа прашањето за ефикасното казнување не се сведува на тоа колку строга ...