Некогаш широко распространетото хоби, читањето, стана активност на мошне мала група луѓе. И сите читаат помалку – опаѓањето на читателските навики е присутно и меѓу оние што отсекогаш читале најмногу: пензионерите, жените и високообразованите.
Своевремено напишав еден текст за феноменот што јас го нареков „интернетски парадокс.“ Сакам да кажам дека јас сум од оние генерации што „интернетската револуција“ ги зафати во раните 30-ти години на нивните животи.