Ракометарите на Алкалоид вечерва забележаа победа над Ферлах со 31:22 во првиот натпревар од второто коло на Европскиот куп. Македонскиот тим заслужено стигна до убедливата победа ја најави уште во првото полувреме (16:11).
Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид овој викенд го почнува настапот во Европскиот куп на ЕХФ во кој го освои трофејот во својот дебитантски настап пред две години. „Освојувањето на европската титула за млад клуб како Алкалоид, составен од домашни ракометари, беше одлично.
Македонскиот ракомет на европската сцена, барем засега, нема со што да се пофали, особено кога станува збор за двата најголеми конкуренти за освојување на титулата во Супер-лигата, два тима кои кроеја состави за големи дострели и за надигрување со врвни екипи.