Денес, 28 септември 2025 година, времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, со количина над 20 литри на метар квадратен.
Макфакс - ТВ21 - Проверено - Скопје инфо - Независен - 24Инфо
Новата седмица во нашата Република Македонија ни носи многу поладно време со невообичаено ниски температури на воздухот за самиот крај на септември и за почетокот на месец октомври. Температурите ќе бидат дури за 10 степени потпросечни.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 08:00 часот се наврнати во Тетово – 19 литри на метар квадратен, потоа во Претор 11 и Куманово 10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со ретки грмежи. Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник, а потоа во следните два дена ќе биде претежно стабилно.