Новата еруптивна активност на Етна сериозно го наруши воздушниот сообраќај на Сицилија во екот на туристичката сезона. Аеродромот во Катанија ги суспендира пристигнувањата и полетувањата поради вулканската пепел, а ограничувањата се продолжени до 2 часот по полноќ на 14 август.
Илјадници туристи денеска останаа блокирани на Сицилија поради продолжената активност на вулканот Етна, кој петти ден по ред исфрла густи облаци од пепел, предизвикувајќи сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај, пренесе „Ројтерс“.
Аеродромот Катанија на Сицилија остана затворен во среда за време на врвот на летната сезона поради најновата ерупција на вулканот Етна, нарушувајќи ги плановите на илјадници патници Аеродромот беше затворен најмалку до 18 часот. Меѓу погодените имаше и странски туристи.