Полскиот конзервативен претседател Карол Навроцки рано денеска изјави дека долготрајниот спор со владата на Доналд Туск околу Уставниот суд претставува закана за внатрешната безбедност на земјата, откако во текот на ноќта тој ескалираше во конфликт, јави ДПА.
Во Варшава синоќа ескалираше повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска објави едномесечна суспензија на претседателот на Уставниот суд, Богдан Свјенчковски, и неговиот заменик Бартломеј Сохањски.
Полскиот претседател Карол Навроцки го скрати своето патување во Сенегал и го врати авионот назад во Полска, откако полицијата влезе во дворот на највисокиот суд во земјата, а нејзиниот водач беше суспендиран поради протестите пред Уставниот суд.