Дури и Денот на независноста криминалната власт го извалка. Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат, велат од опозициската СДСМ.
Господине Милошески, кога јавноста прашува „колку чини настапот на Дејвид Гета?“, најлошиот можен одговор е токму: „Дали ти изгледам како идиот?“ бидејќи прашањето не беше ниту за вашиот изглед, ниту за вашата интелигенција, туку едноставно за парите на граѓаните.
Тешко дека ДПМНЕ можеше да приреди посимболична прослава на 35 години независност. Наместо државноста да ја покаже преку зрели институции, јавна одговорност и почит кон граѓанинот како носител на суверенитетот, власта избра спектакл без потреба за каква било отчетност.
„Дали ти изгледам како идиот?“ беше одговорот на сопственикот на „Авалон“ Бобан Милошески прашањето на новинарката на „Слободен печат“ колку ќе нè чини концертот на Дејвид Гета. Тој им рече на новинарите дека тоа е прашање за Владата, а дека тој на денешната прес конференција е ...