Лондон – Принцот Хари, помладиот син на британскиот крал Чарлс III, ќе пристигне во Лондон следната недела без неговата сопруга Меган и нивните две деца, Арчи и Лилибет, дознава АФП од извор близок до војводата од Сасекс.
Иако се шпекулираше дека седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет ќе ја посетат Велика Британија по долго време и можеби ќе се сретнат со нивниот дедо, кралот Чарлс , тие планови паднаа во вода.