Првата нокаут фаза на Светското фудбалско првенство е завршена и ги имаме сите учесници во осминафиналето. Јужноамериканските репрезентации Аргентина и Колумбија ги обезбедија последните две места меѓу 16-те најдобри тимови на Мундијалот.
Осминафиналната рунда на СП ќе започне веќе вечерва во Хјустон каде Канада ќе игра притив Мароко со почеток во 19 часот. Вечерва ќе се игра уште еден меч и тоа меѓу Парагвај и Франција во 23:00 часот во Филаделфија.
Според најавите, фаворити за пласман во четвртфиналето се репрезентациите на Мароко и Франција. Денеска започнува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал, а на програмата се првите два натпревари од елиминациската рунда.