ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвини обвинителот Ислам Абази дека пред заминувањето од функцијата го „заокружил работењето“ во интерес на СДСМ и ДУИ и дека го заштитил поранешниот министер за здравство Венко Филипче од одговорност во случајот со модуларната болница во Тетово.
Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ...
„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница. Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин ...