Uber можеби има проблеми на земјата, но компанијата има намера да го освои небото. Uber на Elevate конференција ја прикажа својата замисла за иднината на такси превозот. Станува збор за авион кој може да полетува и слетува вертикално.
Летачкото такси на Uber беше претставено на конференција во Лос Анџелес. Електричното летачко такси е дизајнирано да лета на височина од 300 до 600 метри, а се надеваат дека ќе биде готово до 2023 година.