Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, забележа нов победа на подготовките во Италија совладувајќи го тимот на Сполето Валнерина со резултат 4-1. Натпреварот беше решен во првиот дел, кога тимот на Кристијан Фабијани ја демонстрираше својата ефикасност.
Вардар триумфираше со 4-1 на пријателски меч против селекција на Сполето Валнерина од областа Умбрија во Италија одигран попладнево во местото Норчија. Ова е втора победа на вардарци кои се на подготовки во Италија, откако ја совладаа и аматерската селекција на Умбрија со 2-1.
Фудбалерите на Вардар, актуелните македонски шампиони, за новата натпреварувачка сезона, моментно се подготвуваат во Норчиа, Италија. Покрај редовните тренинзи, скопските „црвено-црни“ ја темпираат формата и со одигрување на пријателски натпревари.
Денеска актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Вардар, на базичните подготовки во Норчиа, Италија го одигра вториот пријателски меч. Во дуелот со Селеционе Сполерто Валнерина, Вардар обезбеди победа од 4:1.