Локалитетот „Куклица“ кај Кратово повторно е во центарот на вниманието откако граѓани објавија сведоштва за наводна незаконска наплата за влез и попречување на пристапот до природната знаменитост, која е прогласена за споменик на природата.
Објава на жителот на Кратово, Марио Станојковски, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако тој јавно побара институциите да ги проверат наводите за наплата на влез и ограничување на пристапот до локалитетот „Куклите“, еден од ...