Во многу европски земји јуни ги собори температурните рекорди. Експертите се согласни дека периодите со екстремни горештини ќе бидат сè почести и поинтензивни. Единственото што ни преостанува е да научиме како да се приспособиме.
Наглите временски промени можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми. Одамна е потврдено дека временските промени влијаат врз здравјето на луѓето, особено на пациентите кои страдаат од некои хронични заболувања.