На 26 јули 1963 година, во 05:17 часот, Скопје беше погодено од катастрофален земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала . Во трагедијата загинаа 1.070 лица , околу 3.000 беа повредени , а повеќе од 200.000 граѓани останаа без покрив над главата , откако беа ...
Нова Македонија - Скопје1 - Вечер Прес - Скопје инфо - Булевар - Кајгана
63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени – Скопје се сеќава на кобните 20 секунди. По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на јапонскиот архитект Кензо Танге.
По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на жртвите и порача дека градот никогаш нема да ги заборави трагичните настани од 26 јули 1963 година.
Разорниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови и 28.000 оштетени. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.