Цените на нафтата паднаа на нивоата забележани пред почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, додека бројот на танкери што минуваат низ Ормутскиот теснец, еден од најважните светски бродски патишта за транспорт на енергија, се зголемува.
Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа пад и се спуштија на најниско ниво од крајот на февруари. Меѓународниот репер „Брент“ се тргуваше по цена од 72,56 долари за барел, додека американската нафта WTI достигна 69,48 долари за барел.
Околу 20 милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормуската Теснина во последните 24 часа, додека танкерите продолжуваат да се движат по клучниот пат за снабдување на Блискиот Исток, изјави денеска американскиот министер за енергетика Крис Рајт.
Наглиот раст на цените на нафтата оваа пролет ќе има само ограничено влијание врз американската економија, покажува истражување на огранокот на американската централна банка во Далас. Цените на нафтата надминаа 120 долари за барел откако американско-иранскиот конфликт предизвика ...