Екипите на Металург во машка и женска конкуренција од генерацијата 2002/2003 беа гости на Бугарија каде што одиграа двомеч против соодветните национални тимови. Момчињата успеаја подобро да се снајдат против своите противници.
Со денешните две средби, заврши турнеата на двете екипи на Металург во Бугарија. Момчињата и девојчињата, сите од генерација 2002/3, и денеска имаа двојно соочување со соодветните репрезентации на Бугарија, кое резултираше со по една победа и пораз.
Во Габрово (Бугарија) гостуваат две екипи од семејството Металург, машка и женска, двете составени од ракометари и ракометарки родени 2002/3. Планирани се вкупно четири средби со соодветните репрезентации на Бугарија, а две веќе се одиграни денеска.