TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Целиот свет ги ограничува социјалните мрежи за децата, само ние сè уште спиеме

Журнал - пред: 1 час

Европската Унија одлучи да ги ограничи социјалните мрежи за лица помлади од 13 години. Исто така, не се дозволени лични профили за лица помлади од 15 години. Тоа значи дека од 13 до 15 години би постоеле детски профили креирани и надгледувани од родителите или старателите, со ...

ЕУ ќе забрани социјални мрежи за деца до 13 години – дали и Македонија ќе воведе такви мерки? Експертите укажуваат на потребата од тоа

ТВ21 - пред: 6 часа

Да се забранат социјалните медиуми за малолетните деца, ова е одлуката која што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја изнесе на годинешното обраќање во Европскиот парламент за кое што доби огромно одобрување од пратениците.

ЕУ бара законски крај на емотивната врска меѓу децата и чет-ботовите

Трн - пред: 7 часа

Новите европски насоки предвидуваат забрана за алгоритми кои симулираат чувства и создаваат зависност кај малолетниците. Европската Унија подготвува строги правила со кои бара технолошките компании да ја прекинат практиката на создавање емотивна врска меѓу децата и чет-ботовите.

ЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години

Вечер - пред: 8 часа

Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност.

Кордалов за децата и социјалните мрежи: Потребна е заштита, а не само забрани

Deutsche Welle - пред: 16 часа

По најавите на ЕУ за нови ограничувања за пристапот на деца до социјалните мрежи, комуникологот Бојан Кордалов вели дека не треба да создадеме генерација која се плаши од технологијата, туку која знае да управува со неа Без социјални мрежи за деца под 13 години, родителски ...

Европа ја менува дигиталната зрелост: социјалните мрежи меѓу заштитата на децата и ризикот од нов надзор

Паноптикум - 18.09.2026

Европската Унија отвора едно од најсложените прашања на современото дигитално општество: од која возраст детето треба самостојно да влезе во светот на социјалните мрежи и кој треба да ја носи одговорноста за неговата безбедност – родителот, државата или платформата? Предлогот за ...

ЕУ ја почнува битката за контрола на социјалните мрежи

Независен - 18.09.2026

Предлог-законот на Урсула фон дер Лајен за ограничување на пристапот на младите Европејци до социјалните мрежи претставува амбициозен одговор на сè погласните критики за потенцијалните штети од TikTok, Instagram и другите онлајн платформи.

Тинејџерите во ЕУ остануваат без „Инстаграм“, „Тик-ток“, „Снепчет“… експертите велат, со тоа ги туркаат кон социјална смрт

Вечер Прес - 18.09.2026

Презентирајќи го овој закон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека Унијата нема да толерира содржина што предизвикува зависност. Европската комисија сега мора да преговара со националните влади и со експертите од технолошкиот сектор за да утврди ...

Франција не се откажува од забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 15 години

USB - 17.09.2026

Француската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на користење социјални мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.

ЕУ забранува лични профили за деца под 15 години на социјалните мрежи

Трн - 16.09.2026

Предлогот EU Kids Act предвидува целосна забрана под 13 години и обврска за технолошките гиганти самите да докажат безбедност. Европската комисија утре официјално ќе го предложи законот EU Kids Act, со кој се воведува целосна забрана за социјални мрежи за деца под 13 години и се ...

ЕУ ги укинува социјалните мрежи за деца: „Ова им го краде вниманието“

Во Центар - 18.09.2026

Урсула фон дер Лајен објави ригорозен Закон за деца: до 13 години целосна забрана, а за лицата под 15 години наредба само под родителски надзор и до еден час на ден. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор за состојбата на Унијата изјави ...

Правна рамка за забрана на пристап на деца до мрежи во октомври

Проверено - 18.09.2026

Германија планира да забрани пристап до социјалните мрежи за деца под 13 години. Министерката за дигитализација Карин Приен вели дека ефикасната мерка бара сеопфатна стратегија. Ова вклучува проверка на возраста, медиумска писменост и едукација на родителите, рече Принова во ...

Европската Унија претстави план за заштита на децата на интернет

Иновативност - 17.09.2026

Европската Унија претстави план за заштита на децата на интернет. Предлогот сега оди на разгледување во Европскиот парламент и во Советот на ЕУ, кој ги претставува земјите-членки. Дискусиите во Брисел за тоа како да се заштитат децата на интернет траат веќе подолго време.

ЕУ подготвува големи промени за децата на интернет, проверка на возраста ќе стане задолжителна

USB - 16.09.2026

Европската Унија планира досега најсеопфатен пакет мерки за заштита на децата на интернет, кој предвидува ограничување на пристапот до социјални мрежи, видеоплатформи, чет-ботови со вештачка интелигенција и онлајн игри за помладите од 15 години.