Највисока максимална температура во земјава денеска е измерена во Гевгелија со 36.9 степени, по што следуваат Демир Капија со 36.6, како и Велес и Кавадарци со по 36.3 степени, покажуваат официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Управата за хидрометеоролошки работи ја објави временската прогноза за цела недела во Македонија. Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и температури во интервал од 15 до 36 степени. Во попладневните часови се очекува зголемување на нестабилноста, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.