Kia одлучи втората генерација на Seltos да ја понуди и во Европа, а тоа значи дека новиот SUV на брендот сега е достапен и во Македонија. Во хиерархијата на Kia, Seltos е скалило под супер-популарниот Sportage, но неговите димензии пренесуваат многу важна порака.
Со Киа Селтос, неделава почнува со важен салонски новитет, не само за марката, туку и за целиот македонски пазар. Успехот на Спортаж ѝ дава на Киа самодоверба да направи уште еден Спортаж, само помал, со сосем различен стил, без историја и без обврски.