Известувачите на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан денеска во Стразбур ги презентираа нацрт-резолуциите врз основа на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на државите во процесот на европска интеграција.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за време на дебатата посветена на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, оцени дека земјава покажала значителен напредок и спровела важни реформи кои заслужуваат соодветно признание од Европската Унија.