Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари”. Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски.
Соопштение за јавност на Левица: Откако со инсистирање се дозна дека прославата на 35 години независност чинела повеќе од 300 милиони денари од Државна лотарија, Владата се обидува да ја спаси приказната со евтина семантичка измама за 0 денари трошок.
СДСМ бара да се отвори истрага за финансирањето на прославата за 35-годишнината од независноста и да се следи „трагата на парите“, тврдејќи дека Владата сè уште не ги објавила договорите, фактурите, исплатите и целосната листа на компании кои добиле или обезбедиле средства.
И Левица бара објавување на целата документација поврзана со прославата на независноста. Во партиската реакција се наведува дека брзината со која е спроведен изборот на организаторот и, како што наведуваат, сомнителната улога на одредени членови на комисијата фрлаат огромна ...