Со доаѓањето на постудените денови и враќањето во градинките и училиштата, се зголемува ризикот од респираторни и цревни инфекции кај децата. Ротавирус, норовирус, грип, РСВ и стрептококни инфекции се дел од заболувањата на кои родителите треба да обрнат внимание.
Враќањето во детските колективи секоја есен носи познато сценарио, кашлање, течење на носот, покачена температура и чести отсуства. За децата на претшколска возраст, честите вирусни инфекции се очекувани бидејќи тие од еден вирус влегуваат во друг.