Читањето книги не е само начин да се помине слободното време или да се стекнат нови знаења. Тоа е една од навиките што можат позитивно да влијаат врз работата на мозокот, концентрацијата, меморијата и менталната благосостојба.
Читањето книга е многу повеќе од начин да поминеме неколку слободни часови. Photo by Christin Hume on Unsplash Додека ги следиме ликовите, замислуваме места и се обидуваме да ги разбереме постапките на главните јунаци, нашиот мозок извршува сложена активност.
Според новиот уводник објавен во списанието „Психолоџикал медицин“, лицата што често читаат книги од задоволство уживаат во подобра ментална благосостојба. Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ и организацијата „Квинс ридинг рум“ не спроведоа ново истражување.